Млекара ДЕНИ МИЛК е основана во 2007 година и се занимава со трговија на млечни производи и преработки од млеко.
Со запознавањето на пазарот и потребите на потрошувачите, продолживме со производство и трговија со композитни производи за замена на сирење, кашкавал, цеден крем, фета сирење, произведени од алтернативни суровини од растително потекло.
Така ДЕНИ МИЛК во текот на 2013 год. започна со производство на сопствен бренд од асортиман на композитни производи, под трговското име БАЛКАН.
За релативно краток период, нашиот бренд стана препознатлив на пазарот и баран од потрошувачите, препознавајќи го квалитетот и достапната цена на истиот.
Со развивањето на сопствена дистрибутивна мрежа на територија на цела Р. Македонија нашите производи се достапни секаде, а благодарение на остварените контакти со странски правни лица, почнувајќи од 2014 година нашите производи ги пласираме и надвор од Р. Македонија на пазарите во странство.